Руската новинска агенција Интерфакс јавува дека руското Министерство за одбрана денеска се согласило да му дозволи на украинскиот тим експерти да ја поправат нуклеарната централа Чернобил, која од средата е без струја.
Откако вчера ги загуби врските со нуклеарните централи Чернобил и Запорожје, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека се уште не е воспоставена комуникација со овие централи.
МААЕ соопшти и дека нуклеарната централа во Чернобил се уште е без струја и најави дека во следните неколку часа ќе им ги претстави идеите на Украина и Русија за тоа како да се обезбедат нуклеарните централи во Украина.
Watch as IAEA Chief @RafaelMGrossi takes questions from journalists on the safety and security of nuclear sites in Ukraine after meetings with #Ukraine FM @DmytroKuleba and #Russia FM Sergei Lavrov in Antalya, Turkey. https://t.co/p4bGnpFS1H
— IAEA – International Atomic Energy Agency (@iaeaorg) March 10, 2022
Потсетуваме, директорот на МААЕ, Рафаел Горси, претходно денеска се сретна со министрите за надворешни работи на Украина и Русија одделно, по што на прес-конференцијата рече дека е „прилично охрабрен“ од фактот што и Украина и Русија се согласиле да работат со МААЕ.