Русите му се лутат на Вучиќ дека ѝ продавал оружје на Украина

од Илинка Илиоска
168 прегледи

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, набргу по средбата со Александар Вучиќ ја напушти Србија, незадоволен од епилогот, пишува Нова.рс.

Според Нова.рс, оваа информација доаѓа од самиот врв на власта. Гостинот од Москва ги откажал претходно договорените обврски во Белград, а причина за ваквата одлука бил, одговорот на Вучиќ на прашањето како српското оружје завршува на украинскиот фронт.

Невообичаено за него, Вучиќ на Инстаграм кратко прокоментира дека разговорот со гостинот од Москва бил „добар“.

„Добар разговор со заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација Александар Грушка. Уште еднаш изразив благодарност до Русија за поддршката што и ја даде на Србија во однос на Резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации, а особено за поддршката за територијалниот интегритет на Србија во согласност со Повелбата на ОН. Ги разгледавме севкупните билатерални односи меѓу Србија и Руската Федерација и ги оценивме како многу добри“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Сепак, како што пренесува Нова.рс, средбата не поминала баш најдобро како што ја опишал Вучиќ.

Имено, тие тврдат дека гостинот од Русија не го прифатил аргументот дека Србија нема влијание каде по продажбата ќе заврши нејзиното оружје.

Според изворот на Нова, на руската страна не ѝ се допаднало тоа што дводневната посета на Грушко се одвивала без соодветно медиумско покривање, што официјален Белград го објаснува со тоа што се под голем притисок од Западот.

„Им беше кажано дека ситуацијата е идентична кога украинската делегација дојде во Белград, предводена од нивниот шеф на дипломатијата и Олена Зеленска, сопругата на претседателот на Украина. Исто така, им беше кажано дека Србија на овој начин сака да покаже дека сите се добредојдени, но да не испровоцира ниту една од двете завојувани страни“, објаснува за Нова.рс, нивниот извор.

Соговорниците на Нова додаваат дека тоа не се единствените „комуникациските проблеми“ кои настанале на средбата со Грушко и дека за разлика од заменикот Сергеј Лавров, со кој разговарал Вучиќ, немал толку среќа кога станува збор за рускиот претседател Владимир Путин.

Грушко по средбата беше незадоволен, реши предвреме да ја напушти Србија и по средбата со Вучиќ да ги откаже претходно договорените обврски“, објаснува нашиот соговорник.

Слични содржини