Русите најавија дека ќе ги намалат воените активности околу Киев

од Nikola Popovski
198 прегледи

Анонимен американски функционер потврди за Би-Би-Си дека некои руски војници и возила се оддалечуваат од Киев, но предупреди дека засега сè уште не веруваат дека тоа е знак за некоја голема промена или значително повлекување.

Русите сè уште го гаѓаат Киев од воздух, рече претставникот.

-Русија не сака да го изложи Киев на голем воен ризик, изјави шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински.

– Не сакаме овој град да го изложуваме на дополнителен воен ризик, изјави Медински за РТ.

Според него, предлозите на Украина доставени до руската делегација во Истанбул се доказ дека Киев сака да направи компромис.

– Кога го видовме овој чекор, формулиравме два големи реципрочни чекори од наша страна. Првиот се однесува на постепена воена деескалација во два правци кон Киев и Чернихив. Ова не е прекин на огнот, туку наша желба за постепено деескалирање на конфликтот, барем во овие насоки, нагласи тој.

Тој исто така посочи дека Генералштабот на руските вооружени сили во наредните денови ќе објави конкретни детали, што всушност ќе значи деескалација или забавување на рутите Киев и Чернихив во Украина.

Слични содржини