Првиот руски смартфон Yotaphone доби и наследник во бела боја и тоа со сосема пристапна цена.
Се работи за помодерна верзија од останатите генерации на телефонот.
Рускиот производител на паметни телефони минатата недела претстави и помодерна верзија од втората генерација на телефонот кој донесува подобрени перформанси, значајни софтверски промени и нов дизајн.
Лимитираната серија во бела боја ја замени досегашната гранитна, а посебен напредок се гледа со дополнителниот e-ink екран со големина од 4.7-инча.
Прегледот е многу поедноставен, како и приказот на апликациите, а тука се и новите виџети за e-mail пораките, Yotasport за спортските вести, Yotanotes за списоците и Yotaenergy кој ве известува за состојбата на батеријата.
Целиот e-ink екран е сега достапен и за преглед на друштвените мрежи па телефонот може да го користите и без вклучување на основниот екран, што значајно ќе ја штеди батеријата.
Што се однесува до цената, новиот модел е за речиси 200 долари поевтин (680) во однос на почетната цена (860) и може да се порача на нивната официјална веб страница.
