207
Германскиот министер за економија Роберт Хабек ги обвини руските власти дека лажат за турбината за гасоводот Северен тек 1.
Во разговор со граѓаните во Бајројт, Хабек рече дека турбината, која беше на ремонт во Канада, од понеделникот минатата недела е во Германија.
„Сите документи се средени. Сепак, Русија е против преземање на турбината“, тврди тој.
„Тие не лажат во лице“, подвлече Хабек за тврдењата на Кремљ дека германската влада и „Сименс енерџи“ го одложуваат враќањето на турбината во Русија.