Русите објавија сателитски снимки од „центрите за одлучување“ на Запад (ФОТО)

од Nikola Popovski
217 прегледи

Руската вселенска агенција Роскомос сподели сателитски снимки од зградата во шпанската престолнина Мадрид, каде што се одржува самитот на НАТО, идентификувајќи ја како „центар за донесување одлуки“ кој „ги поддржува украинските националисти“, објавија украинските медиуми.

Роскосмос ги сподели и координатите на другите „центри за одлучување“ во САД, Франција, Велика Британија и Германија, вклучувајќи го и Пентагон.

„Додека претставниците на 30 земји од Алијансата, како и партнерите и кандидатите, ќе работат на стратешкиот концепт до 2030 година, Роскосмос објавува сателитски фотографии од местото на одржување на самитот и самите центри за одлучување кои ги поддржуваат украинските националисти“, пишува РИА Новости.

На фотографиите се и Белата куќа и Пентагон во Вашингтон, Конгресниот центар ИФЕМА во Мадрид, каде ќе се одржи самитот, британското Министерство за одбрана, Рајхстагот и Федералната канцеларија во Берлин, како и Елисејските полиња во Париз.

Ова се случува во време кога во Мадрид се одржува самитот на НАТО, тридневен состанок на лидерите на 30 земји членки на НАТО и сојузнички земји, а се очекува да ја означи Русија како голема закана. Исто така, се очекува дека присутните лидери ќе одлучат за помошта за Украина.

Руските власти исто така ја обвинуваат Украина дека има корист од сателитите.

Според извршниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, приватните западни сателитски компании испраќаат информации до НАТО, а некои од нив стигнуваат до Украина.

Во интервју за РИА Новости, Рогозин конкретно се осврна на компанијата Максар.

На ова се надоврзуваат и наводите на Русија дека приватен американски сателит го снимил Змискиот остров пред Украина да изврши серија удари.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин зборувајќи за постапките на украинските власти изјави дека Русија е подготвена да удри по центрите за одлучување доколку се преминат „црвените линии“. Во исто време, тој одби да посочи какви би можело да бидат настаните, нагласувајќи дека Киев многу добро знае што е во прашање.

Слични содржини