296
Руските медиуми објавија снимка на која, како што наведоа, се двајца Американци кои се фатени во Украина.
„Russia Today“ објави кратко видео од разговор со маж кој го идентификувале како Александар Друк.
„Жив сум и се надевам дека ќе се вратам што е можно поскоро, ве сакам“, вели Друк во видеото.
Друг руски дописник објави две снимки од двајца заробени Американци, 39-годишниот Александар Друк и 27-годишниот Енди Хујн.
Двајца американски воени ветерани исчезнаа минатата недела во Харков кога се нашле под руски оган.
Американскиот претседател Џо Бајден попладнево изјави дека е запознаен со ситуацијата, но дека не знае каде се двајцата Американци.
Покрај споменатите двајца Американци, Русите наводно фатиле уште еден американски државјанин.