Руските сили за противвоздушна одбрана собориле две беспилотни летала кои се упатиле кон Москва, соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.
Околу четири часот по полноќ руските воздухопловни сили соборија две воени беспилотни летала кои беа на пат кон Москва. Едниот беше соборен во регионот Калуга, а другиот беше соборен во близина на федералниот автопат, напиша Собјанин на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана соопштило дека се спречени обидите на Украина да изврши „терористички напади со беспилотни летала“.
Покрај беспилотните летала насочени кон Москва, руските сили утринава собориле уште девет беспилотни летала.
Над териториите на Калушка и Московската област, како и на градот Севастопол, беа спречени обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со беспилотни летала, се вели во соопштението на руското Министерство на Телеграм.
Се додава дека во спречените напади нема жртви или материјална штета.
Фото: Kirill Zykov / Sputnik / Profimedia