Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека потонал рускиот ракетен крстосувач Москва.
При влечење до својата базата, крстосувачот „Москва“, поради претрпените штети при пожарот, изгубил стабилност, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во услови на бура, крстосувачот потонал, пренесе РИА Новости.
Ноќта на 14 април, руското Министерството за одбрана извести дека на крстосувачот Москва избувнал пожар, при што експлодира муниција. Екипажот бил целосно евакуиран. Во исто време, главното ракетно оружје не било оштетено.
Украинските власти и медиумите тврдат дека бродот било потонат од напад на противбродски ракети од Украина.
„Москва“ беше ракетен крстосувач на руската морнарица и водечки брод од класата „Проект 1164 Атлант“. Тоа беше водечки брод на руската Црноморска флота.