Русите признаа во која област напредуваат украинските сили

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Украинските сили напредуваа на југот на Херсонската област кај Дудчани и презедоа контрола врз некои населени места, изјави денеска рускиот шеф на тој регион Владимир Салдо. Тој за државната телевизија изјави дека може да се каже дека ситуацијата е тензична на југот од таа област, пренесе „Ројтерс“.

Дудчани, на западниот брег на Днепар, се наоѓа на околу 40 километри низводно од местото каде што вчера се судрија руските и украинските сили.

Русија формално анектираше четири украински региони, вклучително и Херсонската област, но ниту еден од овие региони не е под целосна контрола на Москва и украинските сили напредуваат на југ, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини