186
„Meta Platforms Inc“, порано позната како „Facebook“, наводно побарала од рускиот суд да ја прекине постапката за случајот покренат од државните обвинители, барајќи американскиот технолошки гигант да биде означен како „екстремистичка организација“, пренесоа руските агенции.
Новинската агенција ТАСС од судницата јави дека „Meta“ побарала повеќе време за да го подготви својот став, а исто така го доведе во прашање овластувањето на судот да спроведе забрана за нејзините активности.
Претставниците на „Meta“ не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.