Русите се фалат со успехот во Вухледар, Украина се исмева со видео

од Radmila Tasevska
177 прегледи

Британските разузнавачи објавија претходно денес дека Русија изгубила десетици тенкови во нападот врз Вухледар, а снимката објавена од украинските вооружени сили се чини дека го потврдува тоа.

Руските сили остварија мали придобивки околу тој град во регионот на Доњецк, но многу коментатори нивниот напад го нарекуваат неуспешен поради големите загуби, пренесува Sky News.

Украинските вооружени сили објавија снимки за кои тврдат дека го прикажуваат уништувањето на руските тенкови.

„Рускиот министер за одбрана Шојгу: „Во моментов борбените операции во областа Вухледар се одвиваат успешно.“ Токму вистината“, напишаа Украинците покрај објавеното видео.