За Русите 12 јуни е официјален празник: на овој датум тие се слави Денот на Русија, наречен и Ден на независноста. Многу од нив сепак така и не го разбраа значењето на овој празник. Коментар на DW.
Мнозинството руски граѓани незнаат зошто 12 јуни е слободен ден, а на сето одозгора и национален презник. Каков е овој празник, кој претходно официјално се нарекуваше “Ден на усвојувањето на декларацијата за државен суверенитет на Руската Федерација”? Подоцна пак стана едноставно “Ден на Русија”, а луѓето меѓусебно обично го нарекуваат “Ден на независноста”. Впрочем не е јасно од кого.
Само еден ден за одмор?
За повеќето Руси 12 јуни е само еден дополнителен ден за одмор. Овој пат тој се падна во недела, но во други години по принцип на секој му се допаѓа да излезе во отсуство на овој ден. Луѓето одат по вилите или посетуваат некоја манифестација. Само во Москва оваа година се одржуваат над сто: тука празнуваат со огномет, таму сп велосипедски поход. Човек може де ја испее химната, да учествува во некоја активност итн итн. Ниеден од овие настани, сепак не му го објаснува на рускиот државјанин значењето на овој празник. Дури и спикерот на Советот на федерацијата Валентина Матвиенко не е во состојба јасно да објасни зошто овој ден го “положил почетокот на кардиналните промени во животот на земјата”. Многу образовани Руси пример сметаат дека празникот е во чест на Борис Елцин, кој беше избран за претседател на Русија на 12 јуни 1991 година.
Стратфор: За деполитизирањето на природниот гас
Овој празник сепак е историски втемелен. Пред 26 години, на 12 јуни 1990 година, Русија стана независна држава. Руските закони на нејзина територија станаа поважни од законите на Советскиот Сојуз. А тоа стана возможно откако Врховниот совет на РСФСР усвои “Декларација за државниот суверенитет”. Во земјата беше спроведена поделба на властите, се појавија слободни политички партии, како и други белези на една современа демократска држава.
Овој празник не е ниту лош, ниту убав. Тој е само празник за историјата на современа Русија. На овој ден беа положени основите на релативната слобода на мислењата на религиозното заживување и зајакнување на влијанието на Руската православна црква, на демократијата и “суверенитетот”, а потоа и на постепеното закрепнување на авторитарниот режим. Всушност Русија не би можела да го откине Крим од Украина и да го приклучи кон својата територија, ако двете страни не беа ја прогласиле својата независност во 1990 година.
Што се случува денес?
Руските комунисти предлагаат Денот на Русија да се слави на 27 јули – така требало да биде одбележан денот на светиот кнез Владимир, покрстителот на Русија. Подобро воопшто да не се прашуваме дали комунистите не сакаат на тој начин да го изразат восхитување кон важечкиот претседател и имењак на кнезот – Владимир Путин.
Подобро да си поставиме други прашања. На пример: дали комунистите во советско време би можеле да го понудат денот на покрстувањето на Русија да стане официјален празник? Не, се разбира. Можеше ли во Советскиот Сојуз да станат официјални празници 4 ноември (Денот на Казанската икона на Божа мајка) и Божиќ? Секако дека не! И едно последен прашање: како ке постапат властите со комуниста Генадиј Зјуганов, ако тој беше предложил нешто слично во 1985 година? Сигурно би го исклучиле од партијата.
За да се објасни значењето на празникот, е доволно само да се прецизира дека Русија не стекна суверенитет од некого, туку од нешто: станува збор за независноста од прогнилата авторитарна идеологија од лажниот политички режим, безправноста, цензурата во медиумите и празните полици во продавниците. И затоа е добро да се потсетиме за овој ден, – особено денес кога гледаме како руските власти повторно вметнуваат во агендата на Русија се повеќе од точките во горната листа.
