Русите тврдат дека собориле 28 украински дронови

од Nikola Popovski
504 прегледи

Руските воздухопловни сили синоќа соборија вкупно 28 украински беспилотни летала над територијата на Руската Федерација, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

-Руските системи за противвоздушна одбрана уништија украински беспилотни летала над Крим, Азовското Море, Краснодарската територија, Белгородската и Ростовската област, се наведува во соопштението, а пренесува „РИА Новости“.

Откако Русија го започна нападот врз Украина на 24 февруари 2022 година, Москва речиси секојдневно соопштува за напади со украински дронови на границата и централните области, како и на Крим.

Слични содржини