Русите тврдат дека собориле 36 украински дронови, Украинците собориле пет руски

од Radmila Tasevska
213 прегледи

Русија тврди дека соборила повеќе од 30 украински дронови над Црното Море и Крим.

– Системите за противвоздушна одбрана уништија 36 украински дронови над Црното Море и северозападниот дел на полуостровот Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.

Локалните власти на Краснодарската област, која се граничи со Црното Море, соопштија дека рано утринава избувнал пожар во нафтена рафинерија, но не дадоа објаснување за неговата причина.

Локалните медиуми јавија дека пожарот бил предизвикан од удар на дрон или остатоци од соборен дрон.

Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека собориле пет дронови Шахед од иранско производство, лансирани од Русија.

Разузнавачите на Велика Британија викендов проценија дека Русија претрпела можеби најголем број жртви оваа година во континуираните борби околу градот Авдијевка, во Доњецк.

Претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека Русија може да преземе мерки за запленување на имотот на земјите-членки на Европската унија, доколку продолжи да „краде“ замрзнати руски средства.

– Голем број европски политичари повторно почнаа да зборуваат за кражба на замрзнатите средства на нашата земја со цел да продолжи милитаризацијата на Киев, напиша тој на Телеграм.

Володин рече дека Москва ќе одговори со мерки кои би наметнале значителни трошоци за ЕУ доколку преземе акција против руските средства, од кои значителен дел се наоѓа во Белгија.

– Ваквата одлука ќе бара симетричен одговор од Русија. Во тој случај ќе бидат запленети многу повеќе имоти на непријателските земји отколку нашите замрзнати средства во Европа, нагласи Володин.

Слични содржини