Русите тврдат: „Напад со дронови на Крим, соборивме два“

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Прорускиот гувернер на Крим, Михаил Развозаев, вечерва изјави дека беспилотни летала го напаѓаат градот Севастопол на Крим, а противвоздушната одбрана веќе соборила две летала.

– Нашата противвоздушна одбрана работи токму сега. Во тек е напад со дрон. Според првичните информации, веќе се соборени два дрона. Сите сили и служби се во состојба на готовност – напиша Развозаев на Телеграм, пренесе агенцијата ТАСС.

Тој додаде дека цивилните згради не се оштетени и ги повика жителите да останат смирени.

Слични содржини