Во САД е потврдена смртта на дезертерот на специјалните сили „SEAL“, Даниел Свифт, за време на борбите за Бахмут.
Од 2019 година, Даниел Свифт има статус на дезертер, односно припадник на вооружените сили на САД кој отсуствува без дозвола.
Daniel Swift is reportedly killed in Artyomovsk-Bakhmut – a former elite US Navy SEAL. No we are not at war with Russia they keep on saying..We know better the West is at war with Russia. pic.twitter.com/x63JTrLfGY
— sonja van den ende (@SonjaEnde) January 21, 2023
Според медиумите, убиениот американски командос учествувал во војната во Ирак и Авганистан. За учеството на Блискиот Исток му беше доделен медалот за борба против тероризмот.
Свифт е последниот Американец кој загинал во Украина откако Русија ја започна својата офанзива пред речиси една година, пренесе CBS News.
Најмалку осум Американци се убиени во Украина од почетокот на инвазијата.