261
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во петок повторно ќе го отвори коридорот за евакуација од опколениот град Мариупол до Запорожје.
Според украинските власти, конвоите наишле на неколку проблеми во четвртокот, вклучително и руските војници кои заплениле хуманитарна помош и блокирале автобуси, јавува Си-Ен-Ен.
„Руските сили во четвртокот запленија 14 тони хуманитарна помош од автобуси кои одеа кон Мелитопол во јужна Украина“, изјави Ирина Верешчук, министерка на Украина за реинтеграција на привремено окупираните територии.
Верешчук рече дека храна и лекови биле натоварени во 12 автобуси.
Руските сили, исто така, блокирале 45 автобуси кои оделе кон Бердјанск во четвртокот на пат кон Мариупол, додаде таа.