294
Една жена загина при руското гранатирање на градот Херсон на југот на Украина, кое траеше неколку часа, соопшти денеска шефот на регионот Олександр Прокудин.
„Тешка ноќ за Херсон. Руската армија продолжи да ги гранатира домовите на жителите на Керсон во централниот дел на градот“, напиша Прокудин на својот профил на платформата Телеграм.
Ројтерс потсетува дека на почетокот на месецов во руското гранатирање на болница во Херсон загинал лекар, а била ранета една медицинска сестра.
Агенцијата додава дека украинската армија го вратила Херсон и делови од регионот Керсон во ноември, откако руските сили го држеле под контрола неколку месеци, но дека руските војници редовно го гранатираат градот и околните области.