186
Украинскиот конфликт стана долготраен и сите прогнози за тоа кога ќе заврши се неверодостојни, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Михаил Галужин.
Галужин посочи дека предусловите поставени од Украина и Западот не можат да бидат основа за конструктивен разговор.
Во интервју за ТАСС, Галужин потсети дека Западот е решен да обезбеди целосна и безусловна победа на Киев со сите нови региони на Русија – Доњецкaта и Луганската Народни Републики, како и регионите Херсон и Запорожје, како и Крим да бидат вратени на Украина.