Руска амбасада: Дипломатот во Берлин загинал во трагична несреќа

од Nikola Popovski
605 прегледи

Руски дипломат загина во трагична несреќа во Берлин, соопшти руската амбасада во Германија. Во соопштението од амбасадата се потврди дека трагичниот случај се случил на 19 октомври, но не се дадени повеќе детали за тоа што се случило.

Руската амбасада излезе со соопштение во кое реагираше на пишувањето на германскиот весник „Шпигел“, кој без да наведува извори објави дека 35-годишен маж очигледно паднал од зградата на амбасадата во центарот на Берлин.

Се вели дека полицијата го пронашла неговото тело пред амбасадата и не успеала да го реанимира.

Германското Министерство за надворешни работи претходно денеска соопшти дека е запознаено со случајот, но дека не сака да коментира од причини за заштита на приватноста.

Берлинската полиција и јавното обвинителство исто така одбија да коментираат.

Руската амбасада соопшти дека „сите формалности за трансферот на телото на руски дипломат биле навремено регулирани со германските власти во согласност со вообичаената практика“.

„Шпигел“ објави дека настраданиот бил втор секретар во руската амбасада од 2019 година, но дека германските безбедносни власти наводно мислеле дека тој работел за руската разузнавачка агенција ФСБ.

Во соопштението од амбасадата се наведува дека шпекулациите кои се појавија во голем број западни медиуми во врска со трагичниот настан се апсолутно неточни.

Слични содржини