Руска новинарка: „Путин во Украина испраќа сериски убијци и канибали“

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Како што се зголемуваат загубите, очајната Русија се подготвува да регрутира најмалку 50.000 осуденици да се борат во Украина, со контингент криминалци веќе испратен во првите редови, вклучувајќи сериски убијци и канибали, тврди Олга Романова, руска новинарка и активист за човекови права.

Романова, која ја предводи невладината организација „Русија зад решетки“, изјави за „Дејли Бист“, а беше објавена од бројни западни медиуми, дека дел од затворениците кои се борат во Украина, на кои им помагало нејзиното здружение, биле откриени преку видео снимки.

„Планот на Путин е да регрутира најмалку 50.000 осуденици“, рече Романова, додавајќи дека блискиот соработник на Путин, олигархот Евгениј Пригожин, бил забележан во руските затвори, каде што тој наводно им ветил на затворениците ослободување доколку служат на бојното поле во Украина шест месеци.

Се вели дека Пригожин, наречен „готвачот на Путин“, испратил над 3.000 затвореници во Украина.

На списокот има, како што рече Романова, сериски убијци, разбојници и најмалку еден канибал.

„Првично, платеничката група Вагнер, предводена од Пригожин, ги земаше главно оние кои беа осудени за убиство. Меѓутоа, сега нивната мрежа ги вклучува сите, вклучително и канибалите“, вели Романова.

Според неа, од првата група осуденици кои биле регрутирани, 46 од нив, преживеале само тројца, додека од втората група (66 осуденици) се вратиле само шестмина, меѓу кои и еден кој останал без рака.

Слични содржини