Руска провокација директно во Вашигтон: Стејт департментот одби да даде докази за бомбардирање на болница во Сирија

од desk3
96 прегледи

Претставникот на Стејт департментот Џон Кирби одби да даде докази на дописникот на RT Гвајана Чичакјан за тврдењата дека руски авиони бомбардирале болница во Сирија. Тој рече дека не може да го стори тоа.

20151030.lgrecwibvy

“Ние видовме некои информации за тоа во медиумите. Ние слушнавме како одредени групи Сиријци зборуваат за тоа. Јас можам да кажам дека имаме и друга оперативни информации, кои нè водат до заклучок дека руските напади се насочени не само против исламска држава – тие нанесуваат сериозни повреди и по некои предмети на цивилната инфраструктура. Ние видовме некаква информација која не принудат да поверуваме дека руските авиони нанеле удар на болницата “, објави Кирби.

Директорот на оперативното управување на Меѓународниот црвен крст Доменико Стилхарт сепак изјави дека соработници на организацијата кои работат во Сирија, не можат да потврдат толку сериозни обвинувања од страна на Западот на адреса на Русија.

На предлогот на новинарката од RT да претстави нешто веродостојно, Џон Кирби одговори: “Ми се чини дека штотуку го направив тоа. Немам намера на делам разузнавачки информации од оваа трибина. Веќе реков дека имаме информација која не наведнува на мислата дека тие го направија тоа “.
Тоа го повтори Кирби и одби да го конкретизира тврдењето и да го наведе изворот на информацијата.