161
Руската амбасада во Лондон на Твитер ја предупреди Велика Британија да не испраќа борбени авиони во Украина.
Вчера британскиот премиер, Риши Сунак изјави дека оваа опција е на маса.
Но, руската амбасада вели дека таквиот потег би имал „воени и политички последици за европскиот континент и за целиот свет“.
„Сакаме да го потсетиме Лондон: во таквиот развој на настаните, бројот на загинати во уште една ескалација, како и воено-политичките последици за европскиот континент и светот, би биле во рацете на Велика Британија“, велат тие, додавајќи дека „Русија би знаела како да одговори на таквите непријателски дејствија“.