Руската армија ја презела нуклеарната централа во Чернобил, работници се земени како заложници

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Сè повеќе информации пристигнуваат дека руската армија ја презела нуклеарната централа во Чернобил, која се наоѓа недалеку од границата со Белорусија.

Информацијата ја потврди советникот на украинскиот претседател Зеленски:

– По жестока битка изгубивме контрола над Чернобил. Непозната е состојбата на нуклеарната централа и складирањето на нуклеарниот отпад.

Хана Љубакова, новинарка од Белорусија, на Твитер објави дека руските сили ја презеле нуклеарната централа Чернобил. Работници во електрана се заробени, пишува Љубакова.

Истата информација ја објави Кристо Грозев, наградуван истражувачки новинар и извршен директор на „Bellingcat“, истражувачка веб-страница.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руските сили ја напаѓаат областа Чернобил.

– Руските окупациски сили се обидуваат да ја освојат нуклеарната централа Чернобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Го пријавив тоа кај шведскиот премиер. Ова е објава на војна на цела Европа – напиша Зеленски на Твитер.

Слични содржини