339
Руската војска соопшти дека пронашла тела на 152 украински борци во подземни бункери во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, која ја зазема на почетокот на овој месец по долга опсада.
„Телата на 152 загинати борци и војници на украинските вооружени сили беа складирани во контејнер со ладилник кој повеќе не работеше“, изјави во вторникот во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Тој додаде дека руските власти се уште не добиле барање од украинските лидери да им ги вратат мртвите.
Конашенков рече дека имало мини под телата и додаде дека Украинците најверојатно имале намера да го кренат во воздух контејнерот за да ја обвинат Русија за загинатите борци.