Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска денеска потврди дека руската армија во Украина заробила Хрват кој заедно со уште неколку борци се обидувал да побегне од Мариупол.
„Министерството за надворешни и европски работи има информации за заробениот хрватски државјанин и продолжува да работи на разрешување на случајот во соработка со украинските власти. Поради чувствителноста на ситуацијата, во овој момент не можеме да откриеме подетални информации“, соопштиле од Министерството за „Вечерњи лист“.
Во интервју за руската телевизија РТ, хрватскиот државјанин открил дека се приклучил на украинската војска во 2020 година за да добие државјанство.
„Мојата причина за добивање на украинско државјанство е тоа што овде ја запознав жената во која се вљубив. Таа имаше болна мајка и не сакаше да ја напушти Украина“, вели мажот на видеото.
Friend of Pinner and Aslin from the unit in #Ukraine army, captured Croatian mercenary Vjekoslav Prebeg (Zagreb) said:
“I also heard that they are extremely inspired by fascist and Nazi ideology. And also about the terrible things that they did with civilians, with prisoners. https://t.co/lHD8a7vkVe pic.twitter.com/LiY08gB8Ka
— Mark (@Striemond) May 6, 2022
Одлуката да добие државјанство со служење во армијата ја нарече лоша идеја. Навел дека Русите добро се однесуваат со него, пишува „Вечерњи лист“.
Телевизијата ги објави неговите зборови дека бил фатен кога се обидел да побегне од Мариупол.
„Одевме 260 километри, се криевме и патувавме само ноќе, обидувајќи се да избегнеме каков било контакт“, рече тој, додавајќи дека планот не успеал кога налетале на руска единица и се предале.