Во почетните месеци на руската инвазија на Украина минатата година дојде до зголемување на цените на нафтата и природниот гас што донесе неочекувани добивки за Москва. Но сега, по една година од почетокот на војната, тие денови веќе се минато.
Според анализата објавена во Вол стрит Журнал, како што војната навлегува во својата втора година и западните санкции се сè посилни, приходите на руската влада се смалуваат, а нејзината економија се префрли на траекторија на понизок раст, веројатно на долг рок.
Гасот и нафтата, кои го сочинуваат најголемиот дел од извозот на земјата, изгубија големи клиенти. Владините финансии се затегнати. Рубљата е намалена за над 20% во однос на доларот. Работната сила се намали бидејќи младите се испраќаат на фронтот или бегаат од земјата поради стравувањата дека ќе бидат регрутирани. Неизвесноста ги ограничи деловните инвестиции.
„Руската економија влегува во долгорочна регресија“, предвидува Александра Прокопенко, поранешна функционерка на руската централна банка која ја напушти земјата набргу по инвазијата.
Нема знаци дека економските тешкотии се доволно лоши за да претставуваат краткорочна закана за способноста на Русија да води војна. Но, недостигот на државни приходи укажува на засилена дилема околу тоа како да се усогласат големите воени трошоци со субвенциите и социјалните трошоци кои му помогнаа на претседателот Владимир Путин да ги заштити своите граѓани од тешкотии.
Целата анализа на следниот линк!