Руската Федерална служба за безбедност разби терористичка ќелија на Крим

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека на Крим уништила ќелија на меѓународната терористичка организација Хизб ут Тахрир ал Ислами.

Координираните напори на оперативците на ФСБ ја уништиле тајната ќелија на терористичката организација, која ја сочинувале шест руски државјани, соопшти прес-службата на ФСБ, пренесе ТАСС.

На локацијата, оперативците на ФСБ заплениле пропаганден материјал, опрема за комуникација и уреди за складирање на дигитални податоци користени во нивните терористички активности.

Слични содржини