Руската филијала на „Google“ најави банкрот

од Nikola Popovski
285 прегледи

Американската компанија „Google“ соопшти дека нејзината руска филијала планира да поднесе барање за банкрот бидејќи не може да ги плати вработените и добавувачите, објавија синоќа руските државни медиуми.

Руската филијала достави известување за својата намера да прогласи банкрот до националниот регистар „Fedresurs“ поради запленувањето на банкарската сметка на филијалата од страна на Москва.

„Заплената го направи функционирањето на руската канцеларија неодржливо, вклучително вработување и плаќање на вработени во Русија, плаќање на добавувачите и продавачите и подмирување на други финансиски обврски“, се вели во соопштението.

„Google“ кој претходно ја прекина својата работа во Русија, рече дека ќе продолжи да ги нуди своите бесплатни услуги таму, вклучувајќи пребарување, „YouTube“, „Gmail“, „Maps“, „Android“ и „Play Store“.

Слични содржини