Руската фрегата изведе вежба со хиперсонични ракети Циркон

од Radmila Tasevska
183 прегледи

Беше спроведена воена вежба во која учествуваше руската фрегата „Адмирал Горшков“ и хиперсоничната ракета „Циркон“, симулиран напад на цел оддалечен повеќе од 900 километри.

Руската фрегата „Адмирал Горшков“ изведе воена вежба со хиперсонични ракети „Циркон“ во Атлантскиот Океан, соопшти денес руското Министерство за одбрана, пренесува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на руски медиуми.

Според соопштението на Министерството, екипажот на фрегата вежбал напад со хиперсонична ракета „Циркон“ на мета која симулирала непријателски воен брод на оддалеченост од повеќе од 900 километри, пренесува руската агенција ТАСС.

Потврдени карактеристики на проектилот

Во соопштението не се наведува дека фрегата лансирала проектил, пренесе Ројтерс.

„Денес се одржа поморска борбена вежба за тестирање на извршување ракетен напад врз непријателска површинска цел. Хиперсоничното оружје „Циркон“ е испукано на оддалеченост од повеќе од 900 метри“, изјави командантот на фрегата, капетан прва класа Игор Крохмал, се слуша на видеото што го објави Министерството.

„Според нашето сценарио, електронското пукање и работата на борбениот тим на бродот ги потврдија дизајнерските карактеристики на ракетниот систем покажани при прелиминарните и државните тестови.

Маневри во Норвешкото Море

Циркон 3М22 е нова руска хиперсонична крстосувачка ракета од најновата генерација која може да уништи два или повеќе најсовремени бродови или носачи на авиони истовремено. Почетокот на тестирањето на Циркон беше најавен во 2016 година, а на крајот на ноември 2017 година, проектилот влезе во руските вооружени сили.

Фрегатата Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков (како што гласи целото име на бродот), вооружена со хиперсонични ракети „Циркон“, го започна своето долго патување на 4 јануари, врз основа на наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да го распореди бродот во далечните води.

Агенцијата ТАСС потсетува дека „Адмирал Горшков“ имал маневри во Норвешкото море, а потоа бил распореден во Атлантикот.

Слични содржини