Пред да биде руски или украински, или дури советски, Крим бил турски. Всушност отомански. А Русија го анектирала Крим и пред 2014 година – многу одамна, во 1783 година. Ова се случи по шестгодишна војна со Турците, во која Русите во суштина ја уништија отоманската борбена флота.
Конфликтот заврши со Ќучуккајнарџанскиот договор, потпишан во 1774 година, што всушност се смета од историчарите како првото отцепување на територија од Отоманската империја – почетокот на нејзиниот долготраен, бавен пад. Откако го губи Крим од Русија, Отоманската империја за првпат загубила муслимански поданици на сметка на христијанска сила. (Кримската Татари кои беа особено против најновото заземањето на полуостровот од Москва, останале по Османлиите, и повторно се противат на новиот руски господар, кој за возврат презема цврсти мерки против нив.) Оваа војна и договорот со кој е завршена, била “пресвртница во односите меѓу Европа и Блискиот Исток”, напиша Бернард Луис околу 200 години подоцна.
Тоа не бил последниот судир меѓу Русите и Турците. Во следните два века тие постојано влегувале во судири, а Руската империја навлегувала подлабоко во централните отомански територии: Балканот, Кавказ, Црното Море и Дарданелите. Млад руски офицер ги опишал своите искуства при борбите со Турците, Французите и Британците во Крим во 1854 во дело кое последователно било наречено “Севастополски раскази”, и било второто дело издадено од овој млад човек – Лав Толстој.
Русија од 1 јануари воведува визи за турски државјани
Сето ова покажува дека она што се случи на 24 ноември, кога Турците и Русите се судрија за тоа кој, каде, кога бил во небото над која земја, не е ништо ново во односите помеѓу овие две некогашни империи.
Бидејќи тие се токму такви. И Турција и Русија по срце и душа се големи мултиетнички империи; овие срца и души продолжуваат да се живи во нивните тела со отсечени огромни екстремитети – за кои денес тие сеуште се жедни. И двете постојат денес како силно смалени регионални сили, кои се стремат да остварат што поголемо влијание – какво што доликува на империите и нивните приказни. А како го прават тоа, тие ги гледаат старите позиции, сеедно што мускулите ги потсетуваат на некогашните движења. “Кога патуваш во Турција, дали можеш да му веруваш на еден Турчин?”, напиша најистакнатиот блогер Максим Кононенко кој го поддржува Кремљ. “И ова важи за сите кои говореа во име на Турција денес. Сите тие се Турци и не можеш да имаш доверба во нив.”
Некои Руси го опишаа соборувањето на авионот на 24 ноември во поширока историски смисла: ова е прв пат кога има реален воен конфликт меѓу Русија и НАТО, напиша либералниот веб сајт Slon.ru. Руските чиновници сепак категорично го дефинираат ова како конфликт меѓу Русија и бујната Турци, кои се подготвени да пукаат при најмалиот повод. Вестите во средата вечер, посветени речиси целосно на случајот, силно нагласија на фактот дека Вашингтон и Европа, дури НАТО, во текот на целиот ден вторник- ја потсетија Турција за идејата дека еден авион и едно неовластено навлегување во странска територија може да доведе до -голем конфликт.
НАТО и Европејците се најдобрите херои во ова толкување на настаните – дефинитивно тоа се случува за прв пат во модерната руска историја. Зошто? Бидејќи Турција, негативецот во оваа приказна, се обидува да пропадне голема историска коалиција против тероризмот, во која Русија е главниот столб. Во вечерните вести беше забележано дека преземените од западните сили обиди за намалување на тензиите “, се потребни, за да не им наштети овој конфликт на борбата против тероризмот како целина и со ИД посебно”. Односно Русија смета дека ја прави потребната работа за заштита на цивилизираниот свет од терористичката закана – работа која е од корист за Франција, Велика Британија и САД, така и за Русија. (Неискажлива останува претпоставката дека таа не е од корист за Турција или за нејзината влада, што сочувствува со исламизмот.) Ова е аналогно на начинот на кој Русија ја презентира својата улога во Втората светска војна, особено во последно време: Русија ја оттргнала заканата од фашизмот за доброто на неблагодарниот Запад, кој требало да се удави, ако не била помошта на Москва.
Затоа, под пропагандата и циничните геополитички маневри, Москва се чувствува разочарана, дури навредена од западните критики за нејзината улога во Сирија. За Русија слични поплаки се стари и датираат со вековните напори за постојано одвраќање на руските царски амбиции без очигледна причина – дури дотаму што да се влезе во сојуз со Османлиите муслимани против христијанска Рус во средината на 19 век. А за големо разочарување на Русија тоа постојано мешање на Западот силно ја одложила руската царска екстензија.
Истовремено на историски план Русија ги смета Турците како добар тампон против европската сила. “Ако и дозволуваме на турската влада да продолжи да постои во Европа, тоа е затоа што оваа влада, под доминантно влијание на нашата супериорност, повеќе ни одговара од која и да е од оние кои може да бидат утврдени по неговата пропаст”, напишал министерот за надворешни работи на Руската империја Карл Неселроде во 1830 година. Звучи познато? Инстинкт за зачувување на стабилноста на непријатните соседни сили, дури и кога Русија полека се простира територии во нивната периферија, а е стар и длабок во руската државна психа. Овие други сили постојат под една или друга форма како огледала во кои Русија може да се гледа како империја и да се одважува.
Се сетив на целата оваа античка историја, бидејќи при конфликтот поради рускиот авион во турскиот воздушен простор – а според моите извори во Владата на САД тоа се случило во турскиот воздушен простор – не станува збор за авион или во воздушниот простор, или за “Исламска држава”, или дури за НАТО. Станува збор за две империи – руската и османлиската кои продолжуваат насилно да се распаѓаат до ден денешен, децении откако официјално престанаа да постојат. Погледнете ги Украина и Молдавија, погледнете Сирија и Ирак. Тоа е претсмртна агонија на едни империи, долгите редици на нивното наследство, кое се грчи додека останатиот свет се обидува да го одржи и смири .
А станува збор и за двајца мажи – Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, кои без особена иронија се сметаат за наследници на овие две одамна изумрени империи. Тие, од своја страна, ги оживуваат овие империи во главите на своите поданици, како постојано го ставаат пред нивните очи холограмот на величественото минато. Тогаш не е чудно што во момент кога се зголемува бројот на играчите и потенцијал за конфликт во Сирија, првата искра може да пламне меѓу двајца мажи кои имаат чувство на екстремитетите на своите држави.
