Руската новинарка која беше претепана во Чеченија е во болница во Москва

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Руската новинарка Јелена Милашина, членка на невладина организација забранета во Русија, и адвокатот Александар Немов, кои беа претепани во Чеченија, се сместени во болница во Москва, изјави денеска за РИА Новости поранешниот главен уредник на „Ехо на Москва“ Алексеј Венедиктов, кој беше прогласен од Москва за странски агент.

Милашина е новинарка на весникот „Новаја газета Европа“ и членка на невладината организација Меморијал, која беше забранета во Русија откако властите ја прогласија за странски агент.

„Милашина е желна за работа и покрај бројните модринки, но лекарите инсистирале на хоспитализација“, рече Венедиктов.

Слични содржини