Руската полиција денеска изврши претрес во домовите на неколкумина опозициски активисти откако синоќа уапси опозиционер кога се качуваше во авион за Варшава.
Поранешниот пратеник Дмитриј Гудков за Телеграм изјави дека полицијата извршила претрес во неговата куќа недалеку од Коломна, како и во куќата на двајца негови соработници. Тој изјави дека не ја знае формалната причина за претресот.
Синоќа полицијата го уапси Андреј Пивоваров, поранешниот директор на групата Отворена Русија, основана од рускиот тајкун во егзил Михаил Ходорковски.
Пивоваров беше уапсен откако се качил во авион за Варшава во Санкт Петербург.