Руската пропаганда шири лажни вести дека многу Украинци заминуваат во странство по изјавата на Путин за нуклеарното оружје во Белорусија

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Про Кремљ пропагандистите измислија изјави на Државната служба за статистика на Украина и службата за државна гранична стража и ги извадија зборовите на пратеникот Арахамија од контекст за да шират лажни вести за тоа дека многу Украинци заминуваат во странство по изјавата на Путин за нуклеарното оружје во Белорусија, пренесува Укринформ.

Телеграм каналот на руската пропаганда шири погрешни информации за зголемениот број Украинци кои ја напуштаат земјата по најавата на рускиот претседател Путин дека тактичкото нуклеарно оружје ќе биде стационирано во Белорусија. Пропагандистите го поддржаа ова тврдење со интервјуто што Дејвид Арахамија, лидер на партијата Слуга на народот, го даде за Скај њуз, во кое изрази мислење за потребата од дополнителна мобилизација и додаде дека според Украинската државна статистичка служба, од 26 март до 29, имаше поголема побарувачка за билети за Полска. Дополнително, цитирајќи ја изјавата на портпаролот на украинската државна гранична служба, Андриј Демченко, пропагандистите напишаа дека расте бројот на граѓани што ја напуштаат Украина, како меѓу 20 и 24 март, околу 20.000-21.000 луѓе ја напуштале Украина секој ден, а во март 25, овој број се зголеми на 40.000 луѓе и продолжи да расте за околу 4.000-5.000 секој ден.

Ваквите информации се лажни.

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини