Руската сензација на ЗОИ ја објасни причината за „допингот“: По грешка го земала лекот на дедо и

од Vladimir Zorba

Руската лизгачка Камила Валиева (15) беше вмешана во допинг скандал на Зимските олимписки игри, меѓутоа, Судот за спортска арбитража ги одби барањата да ја суспендира и младата ѕвезда ќе може да се натпреварува! Само ден по оваа одлука беше откриено како Валиева се бранела. Имено, таа тврдела дека по грешка го земала лекот за срце на нејзиниот дедо.

Денис Освалд, постојаниот претседател на Дисциплинската комисија на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), потврди дека Валиева го искористила овој аргумент.

– Аргументот беше дека оваа контаминација се случила како производ на мешање на лек што го користел нејзиниот дедо – рече Освалд.

Меѓународниот олимписки комитет претходно соопшти дека примерокот „Б“ на Камила допрва треба да се тестира и дека после тоа ќе знае многу повеќе за сè.

Камила беше тестирана на државното првенство на 25 декември, но позитивен тест за забранетиот лек беше откриен на 8 февруари, по нејзиниот неверојатен настап на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Слични содржини