Руската телевизија се пресмета со нејзината поранешна уредничка: „Британски шпион“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
356 прегледи

Руската државна телевизија конечно се огласи за протестот организиран во етерот од сега веќе поранешната уредничка на таа телевизија, Марина Овсјаникова.

Шефот на одделот за вести на руската државна телевизија Кирил Клеимјонов ја обвини дека го сторила тоа бидејќи била британски шпион.

„Таа ја предаде својата земја и сите нас… студена, претенциозна и за бонус“, рече Клеимјонов.

„Предавството е секогаш нечиј личен избор… но треба да се кажат работите со нивното вистинско име. Ако на сите добро познатиот чин за земање на 30 сребреници. го наречеа чин од страст, светската историја би изгледала многу поинаку“, рече тој.

Да потсетиме, пред една недела новинарка со антивоен транспарент влета во емисијата на руската вечерна информативна програма на државниот Канал 1.

„Не на војната. Не верувајте во пропагандата. Овде ве лажат. Русите се против војната“, гласеше описот со кој таа се вклучи во програмата во живо.

Можеше да се слушне и како ги повторува зборовите „не на војната, прекинете ја војната“.

Постерот беше јасно видлив неколку секунди пред програмата да биде прекината и префрлена на претходно снимен прилог.

Пред нејзиниот протест, таа сними видео во кое вели дека „се срами да работи за пропагандата на Кремљ“.

„Се срамам што си дозволив да лажам на телевизискиот екран. Се срамам што дозволив Русите да се претворат во зомби“, рече таа и додаде: „Само немо го гледавме овој нехуман режим“.

Овсјаникова рече дека нејзиниот татко е Украинец и дека целиот свет сега се свртел против Русија.

„Следните 10 генерации нема да можат да се исчистат од срамот на оваа братоубиствена војна“.

Би-би-си пишува дека нејзините колеги на Канал 1 наводно биле изненадени од нејзината постапка.

Слични содржини