Руската вакцина ќе биде достапна во Москва од 5-ти декември

од Nikola Popovski
495 прегледи

Од сабота руската вакцина против коронарниот вирус „Спутник V“ ќе биде достапна за ранливите категории на население во 70 здравствени установи во Москва.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопштил дека вакцините можат да ги примаат вработените во образовните и здравствените институции и во локалната самоуправа.

Вакцината ќе им биде понудена на луѓе на возраст меѓу 18 и 60 години кои не страдаат од хронични болести и на жени кои не се бремени и кои не дојат.

Напредната фаза на тестирање на руската вакцина е сè уште во тек, но таа веќе им е понудена на ризични групи како што се здравствените и образовните работници.

Вчера, претседателот на Русија, Владимир Путин, нареди на владата да започне масовна вакцинација во Русија до крајот на следната недела.

Неколку часа порано, Велика Британија објави дека одобри употреба на вакцина против коронавирус изработена од „Фајзер“ и „Бионтек“, со што стана првата земја што го сторила тоа.

Руските власти ја одобрија вакцината „Спутник V“ откако беше тестирана на само неколку десетици лица, што доведе до остри критики и во земјата и во странство.

Експертите наведуваат дека безбедноста и ефикасноста на вакцината може да се потврди само по тестирање на десетици илјади луѓе.

Слични содржини