На воените фабрики во Русија им се потребни повеќе од 16.000 специјалисти за зголемување на производството на оружје и специјална воена опрема, изјави министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров.
Тој најави и дека руската воена индустрија за еден месец произвела исто толку колку што направила цела мината година.
„Со оглед на зголемувањето на производството, потребни ни се повеќе од 16.000 специјалисти само за организации кои обезбедуваат испораки на најпотребните видови оружје и специјална воена опрема. Станува збор за техничари и инженери“, рекол Мантуров, пренесува „Спутник“.
Според него, претпријатијата во воената индустрија достигнуваат ниво кога месечните испораки на оружје ја надминуваат вкупната нарачка за целата 2022 година.
„Знаете дека од почетокот на оваа година за многу видови оружје, специјална воена опрема веќе е произведено многу повеќе отколку за цела минатата година. Ако зборуваме за оружје, сега стигнавме до ниво испораките за само еден месец да ја надминат вкупната нарачка од минатата година“, посочи Мантуров.