Руската воена полиција апси војници на „Вагнер“ во Сирија

од Vladimir Zorba
424 прегледи

Руската воена полиција денеска го уапсила шефот на огранокот на паравоената група „Вагнер“ во Сувејда на југот на Сирија, како и тројца високи команданти во воздухопловната база Хмеимим, објави Комерсант, повикувајќи се на сириските медиуми.

Се додава дека воената полиција дошла и во претставништвата на паравоената група во Дамаск, Хама и Даир ел Заур.

Властите на Сирија и Русија се уште не ги коментирале овие наводи.

Слични содржини