Неколку десетици руски активисти денеска организираа митинг на плоштадот Прешерен во Љубљана за да ја изразат својата поддршка за Украина, пренесува СТА.
Тие порачаа дека руската воена агресија мора да заврши и дека Русите мора да се спротивстават на режимот на претседателот Владимир Путин.
Слово, движење на руски граѓани во Словенија, кое се спротивставува на руската агресија и владеењето на Путин, истакна пароли како „Денес Украина, утре Словенија“, „Путин е окупатор и терорист“ и „Стоп за војната“.