297
Руски авиони денеска бомбардираа села и градови во близина на северозападниот сириски град Идлиб, при што загинаа 9 цивили, а 30 се повредени, изјавија очевидци и спасувачи, пренесува Ројтерс.
Воени авиони на голема височина, за кои мониторинг центарот рече дека се руски авиони Сухој, фрлале бомби на пазарот во Џиср ал-Шугур додека бил преполн со купувачи пред муслиманскиот празник Бајрам, соопштија Белите шлемови.
Очевидци и спасувачи рекоа дека авионите погодиле и села во планинскиот регион Џабал ал Завија и западното предградие на градот Идлиб, кој припаѓа на тампон зоната формирана пред речиси пет години.