Руски бизнисмен постави историски рекорд за богатство

од Nikola Popovski
294 прегледи

Бизнисменот Владимир Потањин постави апсолутен рекорд за богатство меѓу руските милијардери, пишува Форбс.

Според весникот, богатството на Потанњин се проценува на 30 милијарди долари, а никој од руската листа на Форбс досега не го достигнал ова ниво.

Списанието го поврзува растот на богатството на бизнисменот со зголемувањето на акциите на компанијата „Норникељ“, која му припаѓа на Потанњин.

Цената на акциите на овој гигант достигнаа 26.290 рубљи (околу 300 евра), пренесува Спутник.

Во јуни минатата година, според проценките на Форбс, Потањин имал 26,1 милијарди долари, а за само два месеци заработил 6,4 милијарди долари.

Слични содржини