Московскиот окружен суд денеска го осуди авторот на каналот на Телеграм, „Протестирам МГУ“, блогерот Димитриј Иванов на осум и пол години затвор поради ширење лажни вести за руската армија.
Во судското соопштение се наведува дека на Иванов му е одземено правото да се занимава со „управување со веб-страници и електронски и информациско-телекомуникациски мрежи, вклучително и Интернет, за период од 4 години“, пренесува РИА.
Според членот за законот за ширење лаги за руските вооружени сили на политичка или друга основа, предвидена е затворска казна од 5 до 10 години.
РИА наведува дека во текот на истрагата било утврдено дека каналот „Протестирам МГУ“ објавил бројни изјави во кои се зборува за наводните злосторства на руската армија, вклучително и за убиства на украински цивили.