475
Руски бомбардер СУ-34 се урна во планините на Кавказ, поточно во Северна Осетија за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот, објавија денеска руските новински агенции.
„Во Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион СУ-34 на руските сили се урна за време на планираниот тренинг лет“, соопшти руската државна новинска агенција РИА, цитирајќи го Министерството за одбрана.
„Авионот се урнал во напуштена област. Нема штета на земјата. Екипажот загинал“, се додава.
Засега не е познато колку луѓе имало во авионот.
Сухој СУ-34 е руски суперсоничен ловец-бомбардер со среден дострел од советско потекло.