Руски дипломат тврди: Односите меѓу Москва и Атина целосно уништени

од Stefanija Kuzmanovska
122 прегледи

Во моментов односите меѓу Москва и Атина се целосно уништени, нема соработка и контакти, изјави амбасадорот на Русија во Грција, Андреј Маслов.

– Билатералните односи беа целосно уништени на крајот на февруари и повеќе не постојат – изјави Маслов за телевизијата „Росија 24“.

Според него, грчката страна не соработува и немаат никакви контакти. Годинава на грчките плажи практично нема руски туристи.

Рускиот дипломат заклучил дека за неколку дена биле уништени сите билатерални односи кои биле градени со децении.