Руски експерт: ЦИА нема шанси да го прислушува Путин, користи руска космичка врска…

од desk3
88 прегледи

Претседателот Владимир Путиин користи вселенска врска за разговорите на телефон, заштитена од апаратура со моќен шифратор, а на противник ќе му потребни 90 години за да го дешифрира разговорот. Тоа,го рече воениот експерт Генадиј Авдеев пред АиФ.ру по повод шпионскиот скандал со прислушувањето од ЦИА на разговорите на европските лидери.

Image_4923720_126

Авдеев смета дека американските тајни служби немаат шанса да ги прислушиваат вишите службеници на Русија. Тој додава дека Владимир Путин се поврзува преку канали кои обезбедуваат гарантирана заштита на разговорите. Ова се должи на фактот дека шифрирана апаратура е развиена од руски специјалисти. Не се користат странски системи и технологии, туку исклучително руски класификцирани модули.

На прашањето може ли да биде фатен разговорот на претседателот од неговиот кабинет, експертот појаснува дека има уреди, со можност да го надоместуваат разговорот по вибрациите на стаклата, на растојание половина километар. Но, таквите “бумбарчиња” веднаш се локализираат од системите за детекција

Генадиј Авдеев објасни и зошто ЦИА успеале да ги прислушуваат разговорите на канцеларката на Германија Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд и други високи службеници од земјите на ЕУ. Тие користеле ист тип електронски уреди. Затоа ЦИА има можност да се вклучи кон тајните канали за врска на секој од нив.