Саудиска Арабија не треба да оди на директна конфронтација со Иран, бидејќи тоа ќе се покажe како фаталнo за неа како држава. Тоа кажува за ТВ каналот “Ѕвезда” претседателот на Институтот за Блискиот Исток Евгениј Сатановскиj.

“Саудиска Арабија го направи својот избор, откако се судри политички со Иран. Но таа go ризикува своето постоење, ако одлучи да оди на безусловен директен судир со Иран. Тоа за Саудиска Арабија би било еднакво на смрт “, вели Сатановскиj. Експертот исто така смета дека убиството на обвиненија за тероризам шиитски проповедник Нимрим ан-Нимрим не било оправдано.” Мора некако да се демонстрира објективност, бидејќи еднаш веќе саудиjците и Британија ликвидираа и радикали салафити “, додава тој. Според Сатановскиј Проповедникот е убиен, бидејќи тој се борел за рамноправност на граѓаните во Саудиска Арабија, кое е закана за властите во кралството. Потсетуваме дека денеска Саудиска Арабија ги прекина дипломатските и воздухопловни односи со Иран. Потоа дипломатските односи со Техеран прекинаа Судан, Бахреин и делумно ОАЕ.