Припадник на ДАЕШ (организација забранета во Русија) кој планирал терористички напад врз претставник на владејачките кругови во Индија е уапсен во Русија, соопшти разузнавачкиот центар на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).
„Член на меѓународната терористичка организација ДАЕШ, која е забранета во Русија, е пронајден и уапсен. Планирал да изврши терористички напад како бомбаш самоубиец против претставник на владејачките кругови во Индија“, се наведува во извештајот на ФСБ.
Тој бил регрутиран од еден од водачите на ДАЕШ од април до јуни додека бил во Турција. Го убедувале преку Телеграм и на состаноци во Истанбул.
Откако ја дал заклетвата за верност кон ДАЕШ, тој добил задача да замине на руска територија за да ги подготви потребните документи и да одлета во Индија за да изврши терористички напад, додаваат од ФСБ.