Руски функционер: Влезот на Украина во НАТО ќе стави крај на дипломатското решение на војната

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Висок функционер на руското Министерство за надворешни работи, Алексеј Полишчук, изјави дека потенцијалниот влез на Украина во НАТО во сегашните услови ќе стави крај на можноста за политичко и дипломатско решение на конфликтот во Украина, а дека овој потег ќе ја вклучи Алијансата директно во „непријателство против Русија“.

„Постојано предупредуваме за опасноста Украина да влезе во НАТО“, нагласи Полишчук, пренесува РИА Новости.

Тој ова го изјави како одговор на барањето да се коментира изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијартo дека приемот на Украина во НАТО во сегашните околности ќе значи почеток на Третата светска војна.

Полишчук нагласи дека влезот на Украина во Алијансата ќе доведе до „неконтролирана ескалација“ што, како што истакна, е одговорност што „целосно ќе падне на западните куратори на режимот во Киев“.

„Се надевам дека раководството на тој блок има разумни политичари кои се свесни за катастрофалните последици што може да ги има поканата на Украина за НАТО“, заклучува рускиот дипломат.

Слични содржини